9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани

Изјава на Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош:

Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да им продаде на граѓаните на Карпош мачка во вреќа.

Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола.

Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги имам реализирано. Наместо визија – повторување на туѓи ветувања.

Ова не е фер кон граѓаните на Карпош, кои заслужуваат чесна, отворена и аргументирана кампања.
Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат.

Јас не ветувам, јас покажувам.
Сè што сум кажал – сум реализирал.
Другите нека објаснат зошто кријат, кого претставуваат, и зошто се плашат од граѓаните.

Карпош не заслужува експерименти и неуспешни приправници во политика.
Карпош заслужува луѓе со резултати, искуство и почит кон граѓаните.
Да го одбраниме Карпош. Да го зачуваме достоинството!

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК