Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола?

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, остро ја обвини власта за партизација на правдата и постави директни прашања кон премиерот зошто не се спроведени реформи во судството и од што се плаши.

„Зошто не направи ништо? Зошто не ги реформираше судството и обвинителството? Зошто се плашиш, Мицкоски? Дали затоа што знаеш дека, ако судството стане навистина независно, половина твоја влада ќе мора да одговара пред закон?“, рече Филипче пред присутните.

Претседателот на СДСМ директно го обвини Мицкоски дека не работи за независно судство,
туку за судство под негова контрола:

„Мицкоски не сака независно судство. Тој сака свое судство. Не сака обвинители по закон, туку обвинители по список од тефтерчињата во Белата палата. Тоа што го гледаме денес не е правда, туку партиска правда. Многу брзо Мицкоски, од голем реформатор, си го покажа вистинското лице – желба за партизација на судството. Сака да направи систем како оној на Груевски, каде што власта ќе одлучува кој ќе биде виновен, а кој ќе биде заштитен. “

Филипче ја постави и суштинската дилема пред јавноста: дали ова се случува затоа што Мицкоски знае дека со независно судство, половина влада ќе мора да одговара пред закон?

„Ако навистина сакаш правда, биди маж. Кажи дека секој ќе одговара – и од СДСМ, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од сите партии. Направи реформи и ќе имаш наша поддршка“, порача Филипче, повикувајќи на вистинска, непартиска правда за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК