9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Тиквешијата страда, Мицкоски и ДПМНЕ го срушија достоинството на лозарите

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вечерашната трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта.

„Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше срушен целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го сруши достоинството на земјоделците, но најмногу на лозарите. СДСМ и јас лично се заложивме да помогнеме, предложивме конкретни мерки и закони, но власта ги одби. Одби затоа што оваа влада не се грижи за обичниот човек, за работникот, за оној кој произведува, се грижи само за крупниот бизнис. Но и таму не им оди работата, затоа што индустријата слабее и инвестициите паѓаат“, рече Филипче.

Тој од Кавадарци зборуваше за напорот на СДСМ да им помогне на земјоделците и од опозиција, предлагајќи дополнителна субвенција од три денари по килограм предадено грозје за сите лозари кои ќе го предадат грозјето кај регистрираните винарии од 1 август 2025 година, но од власта предлогот не беше прифатен.

„Реагиравме остро и на тоа што оваа година не ја објавија производната цена на грозјето, иако се законски обврзани да го сторат тоа. Со објавувањето законот кој го донесе СДСМ винариите ќе мораа да ја почитуваат методологијата која предвидува надомест од најмалку 25% над производната цена. И намерно не ја објавија, за да не се знае колку е точната цена на трудот на лозарите и колкави се нивните трошоци“, рече Филипче.

Тој исто така рече дека СДСМ предложи и укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% доколу лозарите побараат брза исплата, што според Филипче е пракса која за жал се користи за уцена и манипулација со трудот на производителите. Но и оваа мерка не била прифатена.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК