9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со Лазар Петров Демир Капија станува модерен винско-туристички центар во југоисточна Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Демир Капија, истакна дека со работа, визија и чесно управување, локалната власт предводена од градоначалникот Лазар Петров ја трансформира општината на подобро, во која секоја инвестиција е одговор на реална потреба на граѓаните.

„Два мандати со Лазар Петров и дела што се гледаат. Сработеното зборува за трудот, посветеноста и љубовта што се вложени во Демир Капија и секое село во општината. Кога ќе ги видите обновените улици, реконструираното училиште, детската градинка, новите паркови, канализационата мрежа и новата обиколница, јасно е дека тука не се ветувало, туку се работело”, истакна д-р Филипче.

Тој нагласи дека на Демир Капија и е потребен континуитет на веќе започната работа и на над 58 реализирани проекти: подобрена и нова инфраструктура, локален развој, развој на туризмот и создавање услови за младите да останат и живеат во својот град.

„Демир Капија ќе ја градиме, ќе ја развиваме и модернизираме. Ќе ја градиме со луѓе што знаат, што имаат волја и што работат — за народот, а не за фотелјата.
Лазар е градоначалник кој го реализира она што е ваш приоритет, а не на поединци. И ве уверувам дека така ќе продолжи, транспарентно, квалитетно и домаќински”, потенцираше д-р Филипче.

Филипче нагласи дека разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во чесноста, отчетноста и грижата за граѓаните, потенцирајќи дека кадрите на СДСМ работат чесно и до план, заедно со граѓаните и за граѓаните.

„Кога се работи чесно и транспарентно, кога се мисли на народот, има резултати. Демир Капија денес е општина со нов лик, со развиена инфраструктура и подобрени услови за живот. Од новите патишта, канализациите и резервоарите за вода, до уредените паркови и јавни површини – се гледа дека градоначалникот Лазар Петров знае како да се грижи за сите”, рече д-р Филипче.

Како дел од новата програма на градоначалникот Петров претседателот на СДСМ, д-р Филипче најави неколку капитални и урбани проекти кои ја поставуваат Демир Капија во центарот на еколошкиот, туристичкиот и инфраструктурниот напредок на регионот.
„Со изградбата на современа пречистителна станица за отпадни води, нова автобуска станица, off-road патека за велосипедисти и мотори, како и прогласување на Демиркаписката Клисура за заштитено природно подрачје – поставуваме цврсти темели за зелена и одржлива иднината на општината,“ рече тој.

Дополнително, се најавуваат и проекти за уредување на крајбрежјето на реката Бошава во рекреативна зелена зона, отворање дневен центар за стари лица, адаптација на младинскиот креативен центар и програми за детска инклузија и поддршка на социјално ранливи семејства.

Филипче на граѓанската трибината порача дека Демир Капија мора да продолжи да се гради и развива како модерен винско-туристички центар на југоисточна Македонија и ги повика присутните на 19 октомври да го поддржат Лазар Петров и советничката листа на СДСМ.

„Број 5 за Демир капија која ќе биде “железна порта” за можностите за туризам, за нови инвестиции, за развој кој ќе ги спои културата, природата и економијата. Број 5 за чесна, одговорна и визионерска локална власт која се грижи за граѓаните, за нивните семејства и иднината на овој регион”, порача д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која денеска се одржа во Демир Капија.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК