9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци истакна дека граѓаните чувствуваат како стандардот паѓа секој ден, платите стојат, цените растат, а власта зборува за „успеси“ додека постојано им наметнува нови трошоци.

„Денес имаме нов „успех“. Замислете, владата решила да ги оданочува пратките од странство, оние до 20 евра. Она што луѓето можеа евтино да си го купат на интернет, веќе нема да биде евтино. Во држава во која 40% е сива економија, во која се соголува народот со даноци за кои граѓаните не ги добиваат соодветните услуги, сега се воведува нов данок на евтини производи од интернет. Ова било приоритет за владата. Срамно“, порача Филипче.

Во своето обраќање, Филипче истакна дека економијата пропаѓа додека власта се крие зад празни зборови и посочи на проблемите што ги имаат компаниите со повратот на ДДВ.

„Колку компании од Тиквешијата, а ги има многу тука, не добија уште поврат на ДДВ? Стотици. Пари со кои треба да вложат, да платат вработени и да се грижат за луѓето“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Тиквешијата страда, Мицкоски и ДПМНЕ го срушија достоинството на лозарите

ДЕСК