Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шукова: Скопје без хартија дигитален град за сите

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска пред медиумите говореше за отворено и технолошки напредно Скопје преку иницијативата „Скопје без хартија дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма.

„Мојата визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо град што им служи на граѓаните,“ истакна Шукова.

Таа објасни дека концептот „Скопје без хартија“ претставува дигитална револуција во функционирањето на градската администрација, со цел секој процес да биде брз, достапен и видлив за сите.

Според Шукова, дигитализацијата на јавните услуги е темел на новиот модел на управување.

„Преку алатката „Отворен буџет“, граѓаните ќе имаат постојан увид во трошењето и распределбата на јавните средства. Електронските јавни набавки обезбедуваат транспарентност и одговорност во секоја постапка“, рече Шукова.

Еден од клучните проекти во нејзината програма е Paperless City 2029, кој предвидува воспоставување на единствена дигитална платформа што ќе ги поврзува сите градски услуги, со овозможен пристап до документи и плаќања, до информации за граѓаните и бизнисите на едно место.

Во рамките на проектот е развиена и мобилна апликација преку која граѓаните и туристите ќе добиваат информации за јавен превоз, настани и услуги во реално време, што, како што истакна Шукова, ќе придонесе за поголема поврзаност и функционалност на градот.

фото принтскрин/СДСМ/видео/СДСМ

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК