8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ има јасна прoграма за решенијата во Визбегово

Проблемите со патиштата, депонијата и безбедноста во Визбегово ќе бидат решени, СДСМ има јасна програма и план за овој дел од Скопје, порача денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по работниот состанок со Комората на Северозападна Македонија.

„Во Визбегово секојдневно се движат околу 8.000 луѓе, а состојбата е сериозно загрозена. Има нефункционални патишта, проблеми со отпад и депонии, недостиг од безбедносни мерки. Тие проблеми мора да се решат и ќе се решат. Ние имаме конкретни решенија и визија како тоа да го направиме,“ изјави Филипче.

Тој посочи дека целта на состанокот со Комората била да се презентира програмата на СДСМ за Скопје и за општините кои се директно поврзани со стопанството, како и да се слушнат предлозите на бизнис заедницата.

„Сметам дека ова е единствениот начин на кој треба да се функционира, политиката да биде алатка што ќе им служи на граѓаните и на бизнисите. Со ваквите состаноци докажуваме дека сме инклузивни, дека ги слушаме предлозите на сите чинители и дека нашите решенија се темелат на реалните проблеми со кои се соочуваат луѓето секојдневно,“ рече претседателот Филипче.

Тој нагласи дека во изминатите четири години, градот Скопје и јавните претпријатија под водство на ВМРО-ДПМНЕ покажале целосна незаинтересираност и неспособност да обезбедат услови за нормално функционирање на индустриските зони.

„Ги слушнавме предлозите од компаниите во Визбегово и ќе ги вклучиме во нашата програма. Само преку вистинска соработка меѓу институциите, граѓаните и стопанството можеме да го вратиме Скопје на вистинскиот пат, град што работи, се развива и им служи на сите,“ порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК