8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Аврамов: На гевгеличани треба да им се слушне гласот, не да им се купува тишината

На средба со граѓаните во Гевгелија, на која присуствуваа претседателот на Левица Димитар Апасиев и пратеникот Сашко Јанчев, беа претставени кандидатите на партијата за претстојните локални избори.

Кандидатот за градоначалник, професорот Тони Аврамов, ја претстави својата визија за Гевгелија како град на луѓе, а не на бетон. „Сакам да ја видам Гевгелија таква каква што ја сакаат гевгеличани! Секоја инвестиција ќе биде јавно достапна и секој граѓанин ќе може да види каде оди неговиот данок. Да и кажеме стоп на урбаната мафија и да се фокусираме на реално остварливи проекти“, истакна Аврамов.

Тој најави повеќе приоритети – реставрација на старите градби и куќи, споменици на културата, уредување на централното градско подрачје со зелени површини, изградба на Јужен булевар со паркови и зелени зони, решавање на загаденоста и непријатните миризби, како и воспоставување на автобуски линии до населените места и заживување на месните заедници. „Гевгелија има луѓе со душа, со знаење и со идеи. Само треба да им се даде простор, а не да им се одземе. Треба да им се слушне гласот, а не да им се купува тишината“, порача Аврамов.

Носителот на советничката листа на Левица, Никола Петров, потсети дека ова е трето учество на партијата на локалните избори во Гевгелија. „На минатите избори во 2021 година за прв пат имавме советник, додека сега очекуваме советничка група. Но не застануваме тука – за прв пат настапуваме и со свој кандидат за градоначалник и уверени сме дека ќе влеземе во вториот круг, па дури и дека имаме реални шанси за победа“, нагласи Петров.

Тој додаде дека поддршката за Левица расте од ден на ден. „Народот е веќе уморен од 34-годишното владеење на буржоаската класа и нивните политички претставници ДПМНЕ и СДС. Доста му е од тендер партии, корупција, криминал и непотизам. Дојдено е времето за политичка власт на работничката класа, за владеење на народот“, порача Петров.

Можеби ќе ве интересира

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК