Centar.mk
СВЕТ

„Почувствуван силен потрес“ – Зграда се урна во срцето на Мадрид

Како што пишуваат медиумите зграда во изградба се урна денес во срцето на Мадрид, лоцирана на број 6, Кале Гилерас.

Првичните извештаи говорат дека најмалку тројца работници се повредени, а службите за итни случаи бараат уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под урнатините, објавува Ел Паис.

Медиумите уште информираат дека 11 екипи од градската противпожарна служба беа испратени на местото на несреќата. На тројца работници им беше укажана медицинска помош; еден беше однесен во болница со скршена нога, додека другите двајца претрпеа полесни повреди. Иако првично имаше извештаи за четворица исчезнати, полициски извори сега потврдија дека се бараат две лица.

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе

C +

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

C +

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

C +