Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Интегритетот и транспарентноста основа на довербата на граѓаните во институциите

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија учествува на Партнерството за отворена власт (ПОВ) Самитот и на Меѓународниот ден на Отворен парламент 2025, што се одржува во Виторија-Гастеиз, во организација на Баскискиот парламент, Конгресот на пратеници на Шпанија, Мрежата за отворени парламенти (OPeN) и ПОВ.

Настанот ги обедини претставниците на парламентите и граѓанското општество од различни земји со цел размена на искуства и најдобри практики за транспарентност, граѓанско учество и интегритет во законодавната власт.

Во рамките на Панелот за Етика, интегритет и парламентарна одговорност, свое излагање имаше и генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Марина Димовска. Излагањето се фокусираше на клучните предизвици во воспоставувањето и спроведувањето на етичките стандарди во парламентите, на механизмите за спречување судир на интереси, како и на потребата од независни етички тела и редовна едукација на пратениците.

Северна Македонија е приоритетна земја во рамките на Партнерството за отворена власт (OGP), карактеризирана како отворена држава, бидејќи сите три гранки на власта – извршната, законодавната и судската – имаат свои акциски планови за отвореност. Собранието во моментов го спроведува третиот Акциски план за Отворен парламент (2024 – 2026), со кој се унапредуваат транспарентноста, учеството на граѓаните и дигиталната трансформација во парламентарната работа.

Особено беше потенцирано дека напредок во областа на транспарентноста и јавната комуникација претставува и Собранискиот телевизиски канал, кој е значаен инструмент за обезбедување јавен увид во законодавниот процес и промовирање отвореност кон граѓаните.

Со учеството на овој настан, генералната секретарка Марина Димовска уште еднаш ја истакна важноста на интегритетот и транспарентноста, коишто се основа на довербата на граѓаните во институциите – затоа Собранието континуирано работи на унапредување на етичките стандарди, отчетноста и културата на одговорно однесување.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК