Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

Градоначалничка на германски град тешко повредена во напад со нож

Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердек, социјалдемократката Ирис Шталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.

Според полицијата, Шталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“.

Деталите за нападот и идентитетот на сторителот засега се непознати.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост, велејќи на платформата Икс дека се надева на целосно закрепнување на политичарката.

Педесет и седумгодишната Шталцер беше избрана за градоначалничка пред нешто помалку од две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе

C +

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

C +

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

C +