7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Во Центар ја создадовме новата граѓанска култура и вистинската центарска приказна

Кандидатот за градоначалник на Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски, вечерва изјави дека и во вториот мандат продолжува поддршката кон ранливите граѓани и највозрасните.

„Стануваме прва општина која има свој дом за стари лица. Стануваме општина во која ја зголемуваме двојно, на 5000 денари, поддршката за старите лица, покрај негата во домашни услови. Еднаквоста не смее да биде идеал, туку секојдневие! Воведуваме бесплатна втора смена во градинките, продолжуваме со финансиска помош на младите, го зголемуваме износот на стипендиите за нашите талентирани ученици и млади спортисти.Сите добиваат заслужена помош и поддршка, бидејќи мора да си помагаме еден на друг! Центар повторно ќе има шампион! Во текот на кампањата ќе ја видиме новата сала на Работнички, која пак ќе стане центарскиот Вруток на победници и успешни млади луѓе, пример за сите“, рече Герасимовски.

Тој потенцираше дека за да се успее во секоја работа, човек мора да биде чесен, отворен за комуникација и да знае да слуша! Да знае да собере, да го избере најдоброто, и потоа да сработи!

„Започнуваме со новата граѓанско-административна зграда. Сосема одговорно тврдам дека таа ќе биде во поголем дел наменета за граѓаните, а помалку за администрацијата. Во неа сакаме сите да имаат свој простор, да биде отворена и стаклена, за да се во неа се гледа. Затоа што ние немаме што да криеме. Јас и мојот тим, сакаме сите да знаат се и секогаш. Во овие 4 години, направивме многу отчети и за се јавно и јасно кажувавме. Сакав на мојот пример да покажам дека да се биде добар домаќин, добар градоначалник, не мора и не смее да се потроши ниту еден граѓански денар за себе. Не потрошив ниту еден денар за дневници и кафеани, не се возев со шофер бидејќи не сум така скроен. Сите пари за овие намени, го дадовме за социјални потреби, за да помогнат на други, таму каде што е поважно“, изјави Герасимовски.

Герасимовски, посочи дека во Центар е горд на многу работи, но на една суштинска најмногу.

„Верувам дека успеавме да креираме вистинска центарска политичка и граѓанска култура, едно вистинско граѓанско движење и дух. Центарска приказна, во која Општината дава шанса преку нашето невладино Јадро, а потоа слуша и соработува. Центарска приказна, во која со статуите, муралите, но најмногу од се, со почитта и човечкото признание на нашите великани, покажуваме дека го почитуваме минатото, вредностите и личните успеси. И покажуваме дека можеме да ја поддржуваме целосно и силно, нашата македонска, чиста, изворна, историска култура, јазик, традиција и пред се луѓе! Бидејќи луѓето, граѓаните, нивните мали, но огромни во исто време, приказни и успеси се најважни за нас, за нашата нова вистинска приказна во Центар! Бидејќи успесите се заеднички, а обврската за нив е најмногу моја и на мојот тим“, додаде Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Лишено лице од слобода од скопско Мирковци, фатен како одзема нафта од училиште

ДЕСК

Две млади италијанки уапсени со дрога на граница – носеле канабис, ЛСД и суви печурки

ДЕСК

Приведени двајца криумчари, пронајден мигрант од Турција, следува соодветна пријава

ДЕСК