7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Ова е борба за културното, за прогресивното и за уважување на центарци на вистински начин

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар, вечерва на средбата со граѓани потенцираше дека отчетноста и транспарентноста остануваат темел на неговото работење.

„Успесите се заеднички, а обврската за нив е најмногу моја и на мојот тим. И нашите резултати, и нашите обврски, и нашиот Отчет и нашата Програма се јавни, видливи, мерливи. Прецизни, проверени и остварливи. Ова е борба за достоинството, за работливите, за чесните, за сите граѓани кои го сакаат Центар. Ова е борба за прогресивното, за културното, за почитување на традиционалното, за уважување на човекот на вистински начин. Ние сме тие кои мора да продолжиме да го менуваме Центар и да ги шириме вистинските вредности и принципи“, порача Герасимовски.

Притоа тој рече дека е сигурен сум дека мнозинството е на негова страна, на страната на целосно единство, лидерство и сплотеност.

„Со години сме на терен. Така сме и сега во домовите, улиците, маалата. Со силата на резултатите, со решенијата и плановите за потребите и проблемите, со образот и чесноста, со силата на граѓанинот. Во Центар постигнавме заедно многу, но во Центар има уште многу работа. Точно знаеме што, како, со кого, на кој начин. Со заедничка Програма и оперативен План, со одличен тим на советници и експерти, со памет, со работа, со чесност, со љубов! Со граѓаните! Центар што го сакаме ќе победи, Центар што го сакаме е нашиот живот“, додаде Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Лишено лице од слобода од скопско Мирковци, фатен како одзема нафта од училиште

ДЕСК

Две млади италијанки уапсени со дрога на граница – носеле канабис, ЛСД и суви печурки

ДЕСК

Приведени двајца криумчари, пронајден мигрант од Турција, следува соодветна пријава

ДЕСК