Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанскиот собир во Гевгелија нагласи дека Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност.

„Народот живее тешко, тешки времиња дојдоа со ВМРО-ДПМНЕ и тоа граѓаните го чувствуваат секој ден, ни го кажуваат на секоја една средба. Цените секојдневно растат, луѓето мака мачат да ги полнат трпезите, а платите стојат.“, рече Филипче.

Тој додаде дека цела Македонија живее под тежината на една голема измама.

„Цела Македонија живее под тежината на една голема измама. Власт која ветуваше подобар живот, а донесе сиромаштија. Власт која наместо да им помогне на граѓаните ги лаже. Наместо да преземе мерки, се фали со лажни бројки“, порача Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанскиот собир во Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

C +

Од вторник заладување со пообилни врнежи од дожд и снег

C +

Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот

C +