Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваме изградба на 5 нови детски градинки со капацитет за 700 дечиња во Аеродром

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром. За таа цел имајќи предвид дека општина Аеродром е општина во кои градинките се преполни со деца и ги надминуваат капацитетите за сместување, ветуваме во следниот четири годишен мандат изградба на 5 детски градинки, и тоа во населбите Долно Лисиче, населба Лисиче, Јане Сандански, Мичурин, како и Острово со капаците на вкупно 700 дечиња“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова ќе го решиме проблемот на престој на дечињата и ќе ја намалиме листата на чекање. Ќе обезбедиме модерно уредени детски градинки по највисоки стандарди, каде што најмалите ќе можат да ги добијат најдобрите услови на згрижување, воспитно-образовни активности како и развивање на социјалните вештини.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром за локалните избори нуди мерки за сите категории на граѓани, од најмалите до највозрасните.

Идниот градоначалник Дејан Митески и советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ со проекти и работа ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани.

Општина Аеродром мора да продолжи да се гради и развива.

Ги повикуваме аеродромци на 19 октомври масовно да излезат за поддршка за Дејан Митески и листата за советници предводена од ВМРО-ДПМНЕ и да заокружат 9“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК