„Со визија, со јасен план и со енергија, заеднички ќе продолжиме да градиме Делчево, град со кој сите се гордееме“ , порача кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Дејан Глинџарски.
Глинџарски, ја најави својата програма која се темели на современа инфраструктура, подобар живот и подобри можности за младите:
„Дом за стари лица „Сигурна старост“, Централен плоштад, катна гаража, регулација на речното корито на Брегалница, изградба на скејт парк, нов театар, бесплатен летен одмор за полуматуранти и бесплатна екскурзија низ Европа за матурантите, финансиска поддршка за првачиња и средношколци, се само дел од програмата“.
Глинџарски најави и нови улици, водоводи и канализации во сите населби, спортски терени, ревитализација на земјоделски патишта, како и поддршка за туризмот.“ рече тој.
Ова не се само зборови, ова е програма, ова е план. План што мора да се оствари. Ајде за силно, модерно и убаво Делчево, порача Глинџарски.
Во обраќањето пред граѓаните, тој кажа дека ја продолжува работата и визијата на досегашниот градоначалник од СДСМ , Горан Трајковски.
„Со неговата работа се постави темелот, а јас ќе продолжам да градим врз тие темели. Трајкоски покажа дека кога се има визија, се добиваат резултати. Ќе ја продолжиме со уште поголема енергија,“ истакна Глинџарски.