6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Кандидатот за втор градоначалнички мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети пензионерот Благоја Јошевски, корисник на услугата „Итно копче“. Јошевски, кој живее сам, истакна дека токму оваа услуга му дава сигурност и мир, бидејќи секогаш може да побара помош со едно притискање на копче. Оваа бесплатна услуга, реализирана во соработка со Црвениот крст, во Центар ја користат 23 лица над 65 години, кои живеат сами или се со нарушено здравје.

„Итно копче се користи во кризни ситуации и може да спаси живот. Со едно притискање се алармираат службите за брза реакција и итна медицинска помош,“ рече Герасимовски.

Центар, освен „Итно копче“, реализира и други проекти и услуги за повозрасните граѓани, меѓу кои „Сервис за стари лица“, бесплатни стоматолошки прегледи, еднократна парична помош и други.

Герасимовски, во програмата, најави изградба на дом за стари лица, двојно зголемување на паричната помош за пензионерите, една бесплатна екскурзија годишно, редовни кардиолошки, пулмолошки и стоматолошки прегледи, како и обуки за дигитална писменост.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

ДЕСК

Исчезна 12 годишно девојче од Скопје – Полицијата во потрага

ДЕСК

Невообичаена ситуација: Млад маж со пиштол и нож им се заканувал на полицајци, веднаш е уапсен

ДЕСК