Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше, кажа денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Венко Филипче или имаат многу лош ПР или мислат дека народот заборава кои се тие. СДС се партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Заев, викаше како ако го смени името ќе му се скине жицата, го смени, а од жицата ништо. Сега и Филипче си најде своја жица, ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона бизнис за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот. Венко Филипче праќа порака до Бугарите дека е спремен на се, и тоа народот го гледа. Никој не очекува од СДС и Венко национална политика, сите знаеме што се крие зад тоа, затоа и ќе бидат казнети на овие избори со историски најслабиот резултат“, рече Петрушевски. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК