Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна и одговорна локална власт, со Охрид повторно ќе биде бисер на Македонија.

„Сега имаме можност заедно да го направиме Охрид повторно бисер на Македонија. За нас и за нашите поколенија. Сега е време за промени во Охрид, време е општината да добие градоначалник како д-р Шајн”, порача д-р Филипче.

Лидерот на СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник, д-р Асен Шајн, како човек со визија, искуство и посветеност кој ќе ги заврши проектите, ќе го врати редот и ќе се грижи за охриѓани со чесност и посветеност.

„Тој е тука за да го врати редот, да ги заврши проектите и да го врати Охрид на граѓаните. Асен е вреден човек, чесен човек. Човек кој ќе работи во интерес на Охриѓани и ќе се грижи за нив исто како што се грижи за нивното здравје. Кај него нема ароганција, нема непристапност, тој ќе биде човек на народот”, посочи д-р Филипче.

Тој се осврна на моменталната состојба во општина Охрид, посочувајќи дека реалноста покажува сериозни проблеми: непланско ширење на градот, зголемени цени на јавни услуги, недовршени капитални проекти и сообраќаен хаос, што го намалува квалитетот на животот на охриѓани.

„Охрид стана симбол на урбанистички хаос, со рекорден број дозволи за градба и недовршени проекти како плоштадот „Крушевска Република“, велосипедската патека до Св. Стефан и катната гаража. Локалната власт е фокусирана на фамилијарни вработувања и тендери, додека граѓаните се соочуваат со секојдневни проблеми“, нагласи Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”.

На крајот од своето обраќање лидерот на СДСМ повика граѓаните на 19-ти октомври да излезат и да гласаат за бројот 5 и за кандидатската листа на СДСМ, за да се овозможи враќање на довербата, редот и развојот во Охрид.

Можеби ќе ве интересира

„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари

C +

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

C +

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

ДЕСК