Centar.mk
фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Студ, дожд и снег во делови од Македонија, па потоа голем ПРЕСВРТ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд.

Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.

Прогноза за 05.10.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Прогноза за 06.10.2025
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 07.10.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК