Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК