3. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче од Струга: Пензионерите се излажани од власта, со моделот на СДСМ ќе добиеја 2.000 денари повеќе

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ успеаја да ги излажат и пензионерите“, оваа порака ја испрати Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од вечерашната трибина во Струга под слоганот „Се бориме за нашиот дом“.

Тој потсети дека со Методологијата за раст на пензиите на СДСМ кој оваа Влада го укина, пензионерите ќе земат во просек по 2.000 денари повеќе.

„Пензионерите добија само 1.000 денари покачување на пензиите, а со моделот на СДСМ ќе земаа во просек по 2.000 денари. Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Добија и наследија целосно реформиран систем од страна на СДСМ. Систем во кој пензиите растат согласно трошоците за живот, систем со кој пензионерите никогаш нема да бидат во ситуација да им се намалува стандардот. Колку што растат трошоците, толку растат пензиите, стабилно и сигурно. Да бидат сигурни во староста. И што направија? За да тераат популизам ги качија по 2.500 денари пензиите линеарно за да ги залажат луѓето и потоа им ги скратија“, рече Филипче.

Тој исто така рече дека поради оваа тактика на ВМРО-ДПМНЕ, денес 98% од пензионерите добија помало покачување по што обвини дека поголеми манипулатори и антидржавници оваа држава не видела.

„Ова е реалноста што ја создаде ВМРО-ДПМНЕ, животот на граѓаните станува сè потежок поради лошите политики на оваа власт“, потенцираше Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Економијата е во пад, ништо од балканскиот економски тигар на Мицкоски

ДЕСК

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

ДЕСК

СДСМ: Глас за Љупчо Панукоски е глас за развој на општина Дебрца

ДЕСК