Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Снег вее во делови од Македонија – еве каква е состојбата на патиштата

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, информира УХМР.

Состојба на патиштата:

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Активна забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на следните патни правци:

Маврово – Дебар
Гостивар – Кичево
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од 18:45ч. сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир се одвива по една лента.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

 ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, информира АМСМ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК