Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од утре дожд и снег на планините и повисоките места

Од утре попладне до петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, информира УХМР.

Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а локално и над 50 литри.

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира снежна покривка. Температурата на воздухот значително ќе опадне.

Во Скопје, од утре кон крајот на денот до петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено побилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата значително ќе опадне./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК