Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Крушево е пример како треба да се води една општина, реализирани се 68 капитални проекти

За 8 години во Крушево се реализирани 68 капитални и локални проекти од страна на локалната власт и градоначалникот од СДСМ, Томе Христовски, тоа е пример за општина која е сервис на граѓаните, порача на граѓанската трибина во Крушево, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните тој посочи дека Томе Христовски во неговите два мандати го претвори Крушево во бренд на развој, чиста околина, култура и туризам.
„За 8 години, реализирани се значајни проекти во сите области – водоснабдување, инфраструктура, реконструкција на училишта и градинки, субвенции за средношколци, развој на туризам, проекти за чиста животна средина и подобрени комунални услуги, рехабилитација и асфалтирање на патишта и улици, реновирање на спортски сали и изградба на игралишта – сето тоа го подобри квалитетот на живот и го издигна Крушево“, рече Филипче.

Меѓу многуте реализирани проекти како што кажа Филипче е и модернизираното и проширено Полетувалиштето кое туристичка атракција, комплетно модернизирано улично осветлување, изградбата на нови резервоари, нови пумпни станици, заменета водоводната мрежа, домаќинства се приклучени на нови системи, и уште многу други капитални проекти.

„Резултатите од работата на Томе за Крушево, зборуваат сами за себе.Не како градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ – тие се само извршители на договорите на Мицкоски.

„Кога бев министер за здравство немаше ден а Томче да не се јави и да не најави и побара поддршка за некој нов проект за развој на општината. Јас ќе речев имаме и други општини во државата не е само Крушево, но неговиот одговор беше – вие може имате други општини ама за мене е Крушево“, рече Филипче.

На граѓанската трибина, Филипче порача дека Томе Христовски е вистинскиот избор за Крушево и повиќа граѓаните да гласаат да него, да гласаат за да продолжи равзојот на Крушево.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК