29. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почна изборната кампања за иборите на 19 октомври

Денеска почна дваесетдневната изборна кампања за локалните избори закажани за 19 октомври.

Изборната кампања започна на полноќ и ќе трае дваесет дена односно до 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. Вториот круг на изборите ќе се одржи две недели подоцна, на 2 ноември.

На локалните избори ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Право на глас на Локалните избори имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот избирачки список со лица кои се одјавиле и се на привремена работа и престој во странство, 2.162 гласачи кои се на издржување казна затвор или притвор и 450 гласачи кои ќе остварат гласачко право во старските домови.

Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ и коалицијата ја започнува кампањата со јасна порака: ова е борба за нашиот заеднички дом, Македонија

C +

Изминатиот викенд лишени од слобода пет возачи поради безобѕирно управување со возило, санкционирани 296 возачи за брзо возење

C +

Филипче до членовите на ЗНАМ: Вие не го изневеривте СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас

C +