Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче до Мицкоски: Точно е дека има само две опции, едната на чесни кандидати кои работат за граѓаните од СДСМ, а другата е неспособната на ВМРО-ДПМНЕ

„Не, ние немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Но, се согласувам со премиерот кога вели дека граѓаните имаат две опции,“ истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

„Едната е напредна, проевропска опција, која нуди чесни и добри кадри, луѓе кои покажаа како се работи за доброто на граѓаните, а тоа е СДСМ. Другата е ВМРО-ДПМНЕ, кои се служат со лажни кампањи, со лаги и клетви, и кои докажаа дека се неработници. Тие го блокираа и го запустија Скопје,“ нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче, порача дека на следните избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу чесно и одговорно водење или враќање во времето на лаги, блокади и застој под раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК