28. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нашата политика не е за моќ, туку за ред, соработка и услуга за граѓаните

Не ветуваме спектакли, не нудиме лаги и шарени програми, нудиме остварливи, реални програми и пред сè служба во интерес на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната партиска конвенција.

Тој истакна дека СДСМ на овие избори излегува со луѓе кои работат чесно и ќе им служат на сите граѓани

„Зад мене стојат наши кандидати за градоначалници и советници. Луѓе што живеат чесно, работат чесно и ќе служат чесно. Професионалци, активисти, наставници, лекари, инженери, претприемачи, лица со интегритет. Ова се луѓе од кои барам на овие избори својот збор да го дадат пред граѓаните, не пред партијата. Луѓе кои ќе работат со отворени врати, ќе се однесуваат скромно, ќе одговараат на секое прашање, ќе носат одлуки во јавен интерес. Тоа е нашата предност во однос на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е најважната разлика“ порача тој.

Филипче додаде и дека и неговата партија грешела, затоа и била казнета на изборите но и дека тоа е лекција што ја научиле

„Ќе бидам јасен. Да, и ние сме грешеле. Граѓаните нè казнија, и тоа е лекција што ја прифативме без изговори. Денес стоиме со нова енергија и со нова понуда. Не бараме бланко доверба, бараме шанса за овие луѓе во кои цврсто верувам, што ќе ја мерите на дело. Нашата политика не е за моќ, туку за ред, соработка и услуга за граѓаните. Нашата амбиција не е да владееме без контрола, туку да ја воспоставиме контролата што им припаѓа на граѓаните. Знам дека во ова време е лесно да се каже „сите се исти“. Но ако се откажеме сите, тогаш домот го препуштаме на самоволието. Бараме да ги држите одговорни овие луѓе позади мене. Бараме да ги проверувате. Бараме да ги мерите според тоа кому служат — на партијата или на луѓето“ заклучи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до членовите на ЗНАМ: Вие не го изневеривте СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас

C +

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

C +

Филипче: Мора да се бориме да го заштитиме нашиот дом од разулавената власт

C +