18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ЦИВИЛ: Злоупотребата на деца во изборните кампањи мора да престане

ЦИВИЛ: Злоупотребата на деца во изборните кампањи мора да престане

Интегрален текст од соопштението на ЦИВИЛ:

Во пресрет на локалните избори, чија официјална кампања ќе започне за неколку дена, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ регистрира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политичките активности.

Политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон! Член 12, став 4 од Законот за заштита на децата јасно утврдува: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

ЦИВИЛ потсетува дека секое дете има право на достоинствено и безгрижно детство, ослободено од дневнополитички битки. Местото на децата е надвор од политиката! Наместо злоупотреба, политичките партии и нивните поддржувачи мора да придонесат за заштита на најмладите.

Државата и институциите се должни да обезбедат услови за здрав, нормален и достоинствен развој на децата – физички, ментален, духовен и социјален.

ЦИВИЛ повторно апелира до институциите, партиите, медиумите и родителите: веднаш да престане вовлекувањето на децата во политиката. Институциите мора да реагираат со решителни санкции против сите кои ќе се обидат да ги користат децата за свои политички цели.

Заштитата на децата е законска обврска, а злоупотребата мора да престане – веднаш!

Можеби ќе ве интересира

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК

(ВИДЕО) Вербален инцидент во Кочани: Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник додека седеше во кафеана

ДЕСК