Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија.

Лицата се упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија.

Скринингот почна вчера (24.09.2025) и во текот на првиот ден биле прегледани вкупно 111 лица – 56 на Пункт 1 и 55 на Пункт 2. Според податоците, пациентите генерално се во добра здравствена состојба.

Прегледите опфаќаат клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет. Активностите продолжуваат и денес со цел навремено откривање на евентуални здравствени проблеми и унапредување на јавното здравје, соопшти Министерството за здравство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК