Centar.mk
фото Владина прес служба
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Седум милиони евра за проекти за развој на Штип

„Повеќе од седум милиони евра се проекти коишто директно се финансирани од централниот буџет, коишто треба да помогнат во развојот на Штип“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски посочи дека е убеден дека градоначалникот на Штип, Иван како и до сега, така и во иднина ќе продолжи да реализира проекти за Штип и штипјани.

„Ова е еден од владините проекти од Министерството за спорт каде што има учество и општината, но најголем дел е од Министерството за спорт. Но, не е само ова, во првиот и во вториот јавен повик повеќе од седум милиони евра се проекти коишто директно се финансирани од централниот буџет, коишто треба да помогнат во развојот на Штип. Јас сум убеден дека градоначалникот, како и досега, така и во иднина, со вонредниот свој, би рекол, проектен менаџмент, ќе ги сработи овие проекти, и ќе додаде вредност во животот на Штип“, изјави премиерот Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК