Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров.

Ѓорче Петров, една од најбрзо растечките општини во Скопје, изминатите четири години се соочува со инфраструктурни проблеми, недоволен притисок на водата и урбана експанзија што често значи бетонизација без јасен план. Токму поради тој хаос, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Костадин Ацевски, го претстави својот тим од советници за локалните избори со порака дека локалната политика мора да стане поодговорна и поблиска до секојдневните грижи на граѓаните.

„Ова е тимот со кој ќе работиме на решавање на проблемите со притисокот на водата, на решавање на инфраструктурните недостатоци, на стопирање на бетонизацијата и на создавање почиста и позелена општина. Ова е тим кој ќе работи за хуман развој на Ѓорче,“ изјави Ацевски на претставувањето на листата, предводена од Дејан Трајковски – Џонсон.

Листата брои 23 имиња – професионалци, активисти и жители на Ѓорче кои, според кандидатот, треба да ја симболизираат чесен и одговорен пристап во локалното делување.

Пораката на Ацевски се издвојува од вообичаениот предизборен речник. Додека повеќето кампањи се сведуваат на слогани и големи ветувања, неговата кампања досега се засноваше на мали, но конкретни акции – косење трева, фарбање клупи, чистење ѓубре. Акции кои повеќе прилегаат на работа на градоначалник што веќе е на функција, отколку на кандидат во трка.

Линк до видеото:

https://www.facebook.com/share/v/1GZWDfwZgJ/

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК