Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Центарци добија современа теретана на отворено во Паркот на франкофонија

Општина Центар, на барање на жителите, постави теретана на отворено во Паркот на франкофонија, создавајќи современо катче за здрав и активен живот.

Фитнес зоната располага со 17 справи наменети за вежбање и развивање на сите мускулни групи. Во склоп на теретаната има клупи за стомачни, висечки и паралелни шипки, вертикална решетка, боксерска вреќа и др.

„Новата теретана е совршено место за вежбање и рекреација. Ваквите простори нудат тренинг на свеж воздух без потреба од членство или дополнителни трошоци. Верувам дека рекреативците и љубителите на спортот, од сите возрасти , ќе уживаат вежбајќи во преубавиот зелен амбиент на паркот,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Овие денови ќе биде поставена и вештачка трева, што обезбедува удобна и безбедна површина за вежбање. Опремата е изработена од висококвалитетен материјал со заштитен премаз и прашкаста боја, што гарантира издржливост и отпорност на влага и атмосферски влијанија.

Просторот за вежбање е реализиран по предлог на граѓаните, во рамки на Маалските средби организирани од локалната самоуправа, а во согласност со општинските приоритети за промовирање на спортот и здравиот начин на живот.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК