Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрово, нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во раните утрински и претпладневни часови во источните делови од земјата ќе има нестабилно време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните ќе достигнат од 24 до 31 степен.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Облачноста ќе се намали во текот на денот, а ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, додека максималната ќе достигне до 30 степени.

Од вторник ќе преовладува претежно сончево и ветровито време, со умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Голема физичка пресметка во близина на кафеана во Карпош – МВР излезе со детали

ДЕСК

Грабежи во Аеродром и Центар – девојка и пензионерка останаа без пари и личен накит

ДЕСК

Се запали камион со скопски таблички

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.