Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.

Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели.

Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд. Апелираме дека сите патници имаат законска обврска да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК