Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Скопје:

Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар кој избувна во саботата. Никој не им кажува какви токсини дишеле, и дали сега е безбедно да се движат надвор. Тоа што децата ќе следат он лајн настава е уште повеќе збунувачки за нив, и не дава одговор колку е загаден воздухот таму и колку ја загрозува нивната здравствена и еколошка и еколошка безбедност. Наместо институциите на локално ниво да преземат брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, гледаме целосно потфрлање и неодговорност.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Власта на ВМРО ДПМНЕ и на локално и на централно ниво дејствуваше дури по голем притисок на јавноста и медиумите. Не беше јасно кој носи одлуки, општината, град Скопје или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа опасен и токсичен чад, вечерта сите се појавија да се сликаат.

Го прашувам Орце Георѓиевски во кое својство беше во Трубарево, како градоначалник на Кисела Вода или како претседател на ЗЕЛС, оти не виде јавноста како помогнал во справување со еколошката катастрофа во Трубарево. Но сите видоа дека дошол на сликање.

Град Скопје и Општина Гази Баба имаа обврска први да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност се најдобар показател за неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.

Опасните пожари од депониите со отпад веќе не се проблем на една општина, туку се проблем на Скопје. Повеќе не треба да се чека, населението мора да се заштити. Јас кажав дека имам план краткорочни и долгорочни мерки, како да се решат депониите и проблемот со отпадот. Ова не е политика туку мерки кои веднаш треба да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители.

youtube.com/watch?v=MlDm21ChuH8&feature=youtu.be

Можеби ќе ве интересира

Трипуновски нема да си поднесе оставка

ДЕСК

Вонредни најави: Серија влажни бранови ја зафатија Македонија, некаде ќе има и обилни поројни дождови

ДЕСК

Во брза помош донесен повреден млад маж – познато е како се здобил со повредите

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.