12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

По вчерашниот еколошки инцидент во Трубарево, лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, излезе со јасна, прецизна и одговорна изјава до јавноста – нудејќи конкретен план на итни мерки што институциите мора да ги преземат за да ги заштитат граѓаните.

„Состојбата по вчерашниот пожар во Трубарево е сериозна и бара итна, координирана реакција на институциите. Граѓаните имаат право да знаат што дишат и што внесуваат во организмот, но и да бидат заштитени од државата. Тоа е нивно основно човеково право, а должност на институциите е да им го обезбедат“, истакна Филипче.

Во изјавата, тој нагласи дека не е доволно само гаснење на пожарот, туку мора да се делува и поради последиците – кои може да бидат долгорочни и тешки по здравјето.

Конкретни чекори за заштита на населението

Филипче побара јасни и брзи активности од надлежните институции:
Медицински прегледи за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние изложени на чад и токсични гасови.

Лабораториски анализи на воздухот, почвата и водата со фокус на диоксини, тешки метали и HF остатоци – со обврска за јавна објава на резултатите.

Психолошка поддршка за жителите, но и за пожарникарите и екипите кои биле изложени.

„Не можеме како држава да ги оставиме сами со траумата“, пишува Филипче.
Тој реагираше на досегашниот молк на институциите и предупреди дека зоната од 400 метри која се споменува во моменталните проценки е недоволна.
„Апелирам да се воспостави зона од 500 до 2.000 метри во која ќе има јасен протокол: затворање на училишта ако е потребно, дистрибуција на маски, ограничување на движење, и активирање на систем за јавно предупредување со СМС-пораки и локални медиуми. Тоа се минимални стандардни мерки во ситуации со можен ризик од загадување“, изјави Филипче.
Посочи и на потребата од мобилни мерни станици кои ќе мерат загадување во реално време, а истовремено да се преземат мерки за долгорочно следење на почвата, водата и земјоделските производи.

На крајот, Филипче побара одговорност
„Потребна е целосна истрага за тоа што се случи, зошто немало контрола, каде затаиле протоколите и кој ќе понесе одговорност. Наместо конфузни изјави и политички спинови, луѓето очекуваат одговори и решенија.“

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови најави, следува пад на температурите – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Митовски: Ќе ставиме крај на дивите депонии во Јурумлери, на нивно место ќе никнат паркови и игралишта

ДЕСК

СДСМ: Црната кампања на ДПМНЕ прерасна во паника– со лаги се обидуваат да го прикријат хаосот во енергетиката и во РЕК

C +
error: Соддржината е заштитена.