Centar.mk
СВЕТ

Повеќе од половина Полјаци не би ја бранеле државата во случај на војна

Повеќе од 50 проценти од полските граѓани изјавиле дека не би се вклучиле во одбраната на земјата доколку избие војна, покажува најновата анкета на Институтот „Полстер“, спроведена на 1020 испитаници.

Само 26 проценти рекле дека се подготвени доброволно да се пријават во војска или на друг начин да ја поддржат одбраната на Полска, додека 17 проценти не знаеле како би постапиле.

Истражувањето е спроведено на 10 и 11 септември, а како повод медиумите го наведуваат најновиот инцидент со руски дронови кои влегле во полскиот воздушен простор. Министерството за внатрешни работи потврди дека биле забележани 16 летала, од кои дел биле соборени од НАТО авиони./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Иран има уште една шанса да ги прекине заканите

C +

Трамп: Со Иран преговараме за 15 точки, откажувањето од нуклеарната програма приоритет број еден, два и три

C +

Трамп: Ормутскиот теснец ќе биде отворен многу наскоро

C +