12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Скопје:

Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град.

Како што посочувам неколкупати досега, веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со земја и глина за да се избие воздухот и соодветен третман на гасот. Во спротивно, може да дојде до експлозија.

Загрижува молкот на раководството на Дрисла. Граѓаните имаат право да знаат: како депонијата моментално се справува со проблемот? Кое решение го имаат? И каде го депонираат новиот отпд во меѓувреме?

Слушаме дека е формиран некаков кризен штаб. Но за вистинско решение се потребни натпартиски луѓе, експерти кои со години имаат искуство со менаџирање и управување со отпад.

Битни се граѓаните и битно е веднаш да се пристапи кон решавање на проблемот.

Не како што прави Орце Георгиевски, не како што прави ВМРО-ДПМНЕ, со бегање од народот и без преземање мерки чадот и опасноста од Дрисла нема да се решат.

Фактичката состојба најдобро покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неспособна. Ветуваа паркови, ветуваа јавно-приватно партнерство за лични бизниси и профит, а вистинско решение за справување со отпадот нема.

Затоа, предлагам веднаш да се формира натпартиски стручен штаб и да се делува по план. Јас веќе разговарав со неколку експерти, тие се подготвени да помогнат. Не за Каја, не за СДСМ, туку за граѓаните. Благодарам.

Можеби ќе ве интересира

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +

СДСМ до Мицкоски: Со Дрисла управува ВМРО-ДПМНЕ, заеднички со ДУИ!

C +