Centar.mk
СВЕТ

Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за извршување воени напади насочени кон нарко-картели што дејствуваат во Венецуела.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека тоа вклучува можни напади во самата земја.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, синоќа изјави дека Каракас е подготвен да премине од „политичка фаза“ во „фаза на вооружена борба“ во случај на напад од страна на САД, во услови на ескалација на тензиите меѓу двете земји, јави ДПА.

„Моментално сме во политичка фаза. Но, ако Венецуела биде нападната на кој било начин, ќе преминеме во фаза на вооружена борба“, рече Мадуро во коментарите емитувани на венецуелската државна телевизија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сакам војната да се заврши за еден месец, му рекол Трамп на Зеленски

C +

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +