Centar.mk
СВЕТ

„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли идејата на рускиот лидер Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ, повикувајќи се на интервју за американскиот канал Еј-Би-Си Њуз.

„Тој може да дојде во Киев. Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракетни напади, под напади секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист“, истакна Зеленски.

Претседателот нагласи дека предлогот на Путин бил повеќе обид за одложување на средбата отколку искрен повик за дијалог. Сепак, тој е подготвен да се сретне во која било форма, но само ако средбата не ја загрозува Украина.

„Ако некој не сака да се сретне за време на војна, може да понуди нешто што не би било прифатливо за мене или за другите“, додаде Зеленски, додавајќи дека Путин „си игра со САД“.

Претходно, Путин изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски и дека Москва е најдобро место за можна средба меѓу двајцата лидери, што веднаш беше одбиено од украинскиот претседател./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +