4. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп го повика Хамас да ги ослободи заложниците и навести можен крај на војната во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повтори својот повик до Хамас да ги ослободи сите заложници, сугерирајќи дека војната на Израел во Газа би завршила ако го сторат тоа.

„Кажете му на Хамас веднаш да ги ослободи сите 20 заложници, а не 2, 5 или 7, и работите брзо ќе се променат. Ќе заврши!“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Израелската војска вели дека Хамас сè уште има мрежа од подземни тунели во соседството, која не успеа да ја прекине и покрај повторените напади.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистира дека Хамас, кој владее со Газа речиси две децении, но сега контролира само делови од територијата, мора да биде поразен освен ако не го положи оружјето и не се предаде./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Набргу нешто ќе се случи во Украина, но Путин и Зеленски не се подготвени

C +

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

C +

Зеленски: Крајот на војната во Украина е веројатен според едно сценарио, но тоа нам не ни одговара

C +