Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ Успение на Пресвета Богородица: денес е ден на сите жени и мајки!

Обичаи и верувања за празниците Голема и Мала Богородица

Во народната традиција, празниците посветени на Голема Богородица (28 август) и Мала Богородица (21 септември) се сметаат за исклучително значајни. Особено жените внимателно ги почитуваат старите обичаи и забрани, кои се поврзани со работите во домот и околу куќата.

Забрани и почитување

На верниците им се препорачува на овие денови да не се занимаваат со тешки домашни задачи – не се пере, не се шие, не се плете, ниту пак се започнуваат нови работи или бизниси. Се верува дека трудот вложен на овие денови нема да донесе благослов.

Собири и прослави

За празникот Богородица, во сите краеви на Македонија верниците масовно се собираат во црквите и манастирите. Многу храмови токму овој ден го чествуваат како своја храмовна слава, со литургии, литија и собири на народот.

Меѓуневница – време за плодови и билки

Периодот меѓу Голема и Мала Богородица е познат како Меѓу дневница. Народното верување вели дека токму тогаш е најдобро време за берење на овошје и лековити билки, кои подоцна се користат за здравје и лекување. Луѓето често посетуваат извори за кои се смета дека имаат лековита моќ.

Што значи „црвена буква“?

Поимот „црвена буква“ е старо црковно и народно обележје. Големите празници во календарот се означени со црвена боја, а тоа значи дека тој ден е посветен на верата и духовноста. Верниците се воздржуваат од работа, постат, одат на црква и се молат.

Во оваа група спаѓаат не само неделите, туку и 12-те големи Господови празници, како и чествувањето на светители кои имаат особено значење за православната црква.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК