Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство пред казино утрово го потресе Кавадарци – повеќемина уапсени

Денеска (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт.

Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК