Centar.mk
СВЕТ

Мекгрегор: Трамп одби да ја финансира Украина за да го принуди Зеленски да преговара

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одби да ја финансира Украина за да го принуди украинскиот лидер Володимир Зеленски бргу да постигне мировен договор со Русија, изјави пензионираниот полковник на американската армија, Даглас Мекгрегор.

Во интервју за јутјуб-каналот Deep Dive, тој истакна дека американскиот претседател јасно ставил до знаење дека Киев е во позиција каде што ќе мора да преговара со Москва, во спротивно ќе се соочи со последиците.

„Трамп сака мир и просперитет за двете страни во конфликтот“, рече Мекгрегор додавајќи дека новиот курс на Белата куќа е сигнал до Киев да престане да се потпира на поддршка од европските сојузници.

Според него, Трамп добро ја разбира потребата од подобрување на односите со Русија, што, како што изјави, не им се допаѓа на европските политичари. „Тој нема да го следи примерот на Европа и да ги слуша советите на британскиот премиер Кир Стармер или на францускиот претседател Емануел Макрон“, истакна Мекгрегор.

Пензионираниот полковник заклучи дека „крајно време е Киев да престане да ги слуша европските политичари и да почне мировен процес за решавање на конфликтот со Руската Федерација“.

На 25 август претседателот Трамп изјави дека САД повеќе не издвојуваат пари за помош на Украина, туку продаваат оружје исклучиво на сојузниците од НАТО, а трошоците за конфликтот, како што нагласи, ги сносат европските партнери на Киев./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК