Centar.mk
СВЕТ

Кина ќе претстави ново оружје против беспилотни летала

На 3 септември во Пекинг, на парадата по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, Кина за прв пат ќе претстави ново микробраново оружје дизајнирано за борба против беспилотни летала.

Три системи од типот микробраново оружје со голема моќност (HPM) ќе бидат прикажани на плоштадот Тјенанмен.

Станува збор за инсталации кои емитуваат силни импулси и на тој начин ефикасно ја онеспособуваат електрониката на беспилотните летала.

Според достапните податоци, овие уреди можат да уништат роеви беспилотни летала на растојание од неколку стотици метри, а нивната примарна намена е блиска одбрана на воените бази и клучната инфраструктура од масовни напади од евтини беспилотни летала.

Извештаите од тестовите за слични технологии беа објавени во јануари оваа година, што укажува дека Кина го забрзала развојот на нова генерација оружје насочено кон електронско војување.

Во јуни, кинеските медиуми објавија и за создавање графитна ракета, специјален проектил наменет за уништување на електричните мрежи. Содржи 90 цилиндрични подмуниции кои, кога ќе ја погодат целта, ослободуваат јаглеродни нишки и предизвикуваат краток спој во високонапонските системи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО ПОЛСКА – 19-годишна девојка загина, нејзиниот брат осомничен дека возел под дејство на алкохол

ДЕСК

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА ПОД ПРАШАЊЕ – НАТО и Пентагон разговараат за можно прераспоредување

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО ОДЕСА – Четворица загинати во руски напад, нови информации за жртвите

ДЕСК