Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Левица: Кандидатурата на Амар Мециновиќ ја втурна ДПМНЕ во паника

Соопштение на Левица:

Само неколку дена по кандидатурата на Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ сфати дека освојувањето на главниот град нема да биде така лесно. Наместо со идеи и програма, побрзаа со обвинувања дека Левица наводно влегла во политички договор со СДСМ и ДУИ за да се обезбеди втор круг.

Ваквите конструкции се ништо друго освен израз на паника и признавање на сопствената слабост. Левица пред избори ниту се договара, ниту коалицира со било која партија, тоа е јасна и недвосмислена позиција. Но, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ стои на стаклени нозе и бара начин да се оправда пред сопствените гласачи, особено што деновиве излегоа и податоци дека имаат губитоко од околу 150.000 гласа.

Патетично претставуваниот „лав“ излезе дека е само мало маче, немоќно да се соочи со вистински политички предизвик. А на избори, токму Амар ќе им покаже колку е тенка нивната лага и колку лесно нивниот „лав“ се претвора во маче пред граѓаните на Скопје. Амар ќе биде обединувачката сила која ќе ги сплоти сите чесни и слободоумни луѓе на кои им е преку глава од 30-годишните деструктивни и ограбувачки политики на ДПМНЕ, СДС, ДУИ и ВРЕДИ.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Се запали возило во Скопје

ДЕСК

Доколку вечерва се фаќате за волан, внимателно прочитајте ја оваа информација

ДЕСК

Повторените Локални избори 2025 завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

ДЕСК