8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Инвестиции во централното ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети централното основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период направени се повеќе инвестиции се со цел подобрување на условите.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека училиштето е подготвено за новата учебна година при што во изминатиот период направени се доста инвестиции, со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно образовен процес.

За таа цел, за подобрување на квалитетот на часовите и подобрување на образовниот процес, набавени се шест интерактивни (електрични) панели, извршена е целосна санација на подовите на горниот кат, извршена е целосна реконструкција на тоалетите. Исто така извршена е обнова и санација на училишната просторија така наречена медијатека, која се користи како просторија за медиумски клуб. Во надворешниот дел од училиштето извршено е хортикултурно уредување на просторот.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што образованието е една од најважните алки во општеството.

Можеби ќе ве интересира

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност? – прашаа од СДСМ

ДЕСК

Спроведени инспекциски контрoли во училишните и кујните во градинките

ДЕСК

Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни установи за сместување стари лица

ДЕСК