Centar.mk
Илустративна фотографија, генерирана со АИ за потребите на Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Драматична и непроспиена ноќ во Капиштец: Во пламен беа четири автомобили

Како што соопшти полицијата во скопската населба Капиштец која се наоѓа во општина Центар, се случил пожар од кој зафатени биле четири автомобили.

Во информацијата се наведува дека утрово во 02:05 часот било пријавено дека во Центар, Скопје, било опожарено возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице.

Како што се наведува во информацијата пожарот се проширил на уште три возила и тоа автомобил марка „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на лице (21) од Охрид, „фиат пунто“ на скопски табли чиј што сопственик било лице (20) од Скопје, како и возило марка “сузуки”, исто така со скопски таблици и во сопственост на 54 годишен скопјанец.

Пожарот го изгаснаа пожарникарите, а увид на местото ќе врши МВР.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +