27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Алијансата за Албанците оценува дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со „експериментот ВЛЕН“, се обидува да ја оцрни фигурата на претседателот, д-р Арбен Таравари, преку клевети и игри со зборови

Соопштение на Алијанса за Албанците:

Алијансата за Албанците оценува дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со „експериментот ВЛЕН“, се обидува да ја оцрни фигурата на претседателот, д-р Арбен Таравари, преку клевети и игри со зборови.

ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, доколку имаат некакво сомневање или тврдење, нека го докажат. Во спротивно, тоа останува само ниска пропаганда за одвлекување на вниманието од вистината: д-р Арбен Таравари им ги урна мрачните планови против Албанците.

Ова можат многу лесно да го направат, бидејќи сите државни институции ги имаат под контрола и имаат целосен пристап до секој официјален документ. Ги повикуваме да се разбудат – тие не се опозиција, тие се власт и држава.

Алијансата за Албанците ги повикува, користејќи ги сите надлежности и институции што ги раководат, да презентираат барем една единствена врска помеѓу инвеститорот од Албанија и д-р Арбен Таравари.

Или можеби, за нив секој инвеститор од Република Албанија е сомнителен?

Можеби ќе ве интересира

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи

C +

СДСМ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание: Нека гласа за минимална плата од 500 евра

ДЕСК